Германец фатен на „Табановце“ со марихуана

При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана

од Nikola Popovski
12 прегледи

На 02.09.2025 во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода О.С.(46) од Сојузна Република Германија.

При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.