Графити со смртни закани против Курти, нема осомничени и притворени лица

Ељшани изјави дека случајот е пријавен синоќа по 21 часот, пренесе „Коха“

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Фејсбук

Во вторник вечерта, на еден од ѕидовите во Северна Митровица се појавија графити против премиерот на Косово, Албин Курти, пишува Косово Онлајн, цитирајќи го приштинскиот весник „Коха“.

Заменик-командантот на косовската полиција за Северниот регион, Ветон Ељшани, објави дека во консултација со дежурниот обвинител, случајот е квалификуван како кривично дело „закана“.

Ељшани изјави дека случајот е пријавен синоќа по 21 часот, пренесе Коха.

„Синоќа по 21 часот во Северна Митровица, на ѕид е напишана порака упатена до премиерот Албин Курти. По консултација со дежурниот обвинител, случајот е регистриран како „закана“. Нема осомничени, ниту притворени лица. Истата графичка содржина претходно беше објавена на социјалната мрежа Телеграм“, изјави Ељшани.

На графитот пишува: „Sa Kosova zora sviće, ALjbin Kurti mrtav biće“.