ДЗС воведува електронски образец за запишување на студентите на додипломски студии

Оваа услуга може да ја користат сите студенти што имаат активен кориснички профил и запишуваат година на универзитетите во нашата држава, при што ќе добијат генериран образец и потврда за успешно доставен образец, која електронски треба да ја достават до факултетската администрација.

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за дигиталнa трансформациja, воведува електронски начин на прибирање на податоците за образецот за запишување на студентите на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи во 2025/2026 година (ВОИ.20) со услуга на Националниот портал за е-услуги, пренесе „Бизнис инфо“.

Оваа услуга може да ја користат сите студенти што имаат активен кориснички профил и запишуваат година на универзитетите во нашата држава, при што ќе добијат генериран образец и потврда за успешно доставен образец, која електронски треба да ја достават до факултетската администрација.

Со користењето на оваа услуга, обврските на студентите се намалуваат, уписната процедура е побрза и поедноставна, како за студентите така и за факултетската администрација, а во исто време се добиваат и поточни, навремени и квалитетни податоци во Државниот завод за статистика.