Продажбата на нови патнички автомобили, лесни комерцијални возила, камиони и автобуси во Русија се намали за 25 проценти во периодот од јануари до август, објави надлежното министерство.
Ова значи дека во првите осум месеци од оваа година, бројот на продадени возила од горенаведените типови изнесувал 877.600 единици, објави ТАСС.
Во набљудуваниот период, пазарот на нови автомобили произведени во Русија, исто така, изгубил околу шест проценти и тој број сега изнесува 483.000 продадени нови возила.
Поединечно, продажбата на патнички автомобили се намали за 23 проценти на 768.200 единици, на лесни комерцијални возила за 21 процент (66.400 единици), на камиони за 56 проценти (35.960) и на автобуси за 49 проценти (7.000).
Во август, продажбата на нови возила се намали за 21 процент на годишно ниво на 135.500 единици.