Марковски: При евентуална блокада на Советот подготвен сум да побарам распишување на вонредни избори или да си поднесам оставка и со мирна совест да се повлечам

Mарковски: Белким моето четири децениско работно искуство оставило некакви траги, нешто врз основа на што можам да тврдам дека блокада на Советот нема да има

од Nikola Popovski
69 прегледи Фото: Фејсбук

Умешноста на градоначалникот е врз основа на својот личен авторитет и интегритет, стручноста, чесноста, искреноста и отвореноста за соработка со сите оние кои му мислат добро на градот, да не дозволи блокада на неговото функционирање, рече во интервју за „Локално“ деканот на Градежен факултет и кандидат за градоначалник на Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“, Горан Марковски за потегот да се вклучи во трката за градоначалничката функција.

Околу фактот дека блокадата на Советот на Град Скопје е проблем со кој се соочуваме четири години и секако најмногу тоа го почуствуваа граѓаните на свој грб, Марковски вели:

„Белким моето четири децениско работно искуство оставило некакви траги, нешто врз основа на што можам да тврдам дека блокада на Советот нема да има. Прво затоа што ќе има максимална отвореност и видливост на мојата, но и на работата на Советот, но и затоа што сум подготвен во таков случај да побарам распишување на вонредни избори или едноставно, за доброто на градот да си поднесам оставка и со мирна совест да се повлечам“.

Интервју со Марковски: Центарот на Скопје е своевиден урбано-архитектонски Чернобил, ќе мора да се најде начин како тоа да се поправи

 

Слични содржини