„Визер“ воведува пет нови авиолинии до Скопје и Охрид

Поради новите авиолинии „Визер“ додава шести авион во својата база во Скопје

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Фејсбук

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ воведува нови пет нови авиолинии до европските метрополи. Од Скопје ќе се лета до Наполи и Будимпешта од март следната година, додека од Охрид граѓаните ќе можат да патуваат до Катовице, Вроцлав и Милано.

Поради новите авиолинии, „Визер“ додава шести авион во својата база во Скопје, а целата флота ќе биде надградена со современи авиони „Ербас“ до крајот на годинава.

Од Владата велат дека покрај овие линии кои ќе стартуваат в година, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн.

Со воведувањето на новите летови дополнително ќе се развие туризмот во Македонија, зашто земјава ќе ја посетат повеќе гости од странство.

Во првата половина од годинава од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1,5 милион патници, што е раст за 5% од скопскиот аеродром и 11% на охридскиот аеродром.