Корисниците на услугите на Google утрово имаа проблеми со пристапот до веб-страниците, вклучувајќи го и пребарувањето и Gmail. Корисниците, исто така, пријавија проблеми со YouTube, кој е исто така во сопственост на Google.
Според DownDetector, бројот на пријави се зголемил околу 9 часот наутро по македонско време. Најмногу прекини се пријавени од Турција, Грција, Бугарија, Македонија, Хрватска и Србија, а корисниците во Франција, Германија, Холандија, Грузија и Романија исто така пријавиле проблеми.
Услугите на Google беа повторно активирани по 9:30 часот наутро, но некои корисници сè уште пријавуваат проблеми. Google сè уште официјално не коментирал за проблемот или за неговата причина.