Кошта од Софија: Го разбирам негодувањето на Македонија бидејќи тие го променија името, но она што е договорено мора да се спроведе

Јас лично сум многу вклучен во овој процес, ги посетив и Бугарија и Македонија и верувам дека по изборите во земјата можеме да напредуваме. Македонија работи на овој процес долго време, рекол Кошта

од Nikola Popovski
442 прегледи Фото: Фејсбук страница „Министерски совет на Република Бугарија“

Го разбирам негодувањето на Македнија, бидејќи тие го променија својот Устав, националното знаме, името на својата земја и природно очекуваат дека процесот на пристапување кон Европската Унија може да се прецизира. Но, она што е одобрено е одобрено, она што е договорено е договорено и тие мора да го спроведат, рече претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како одговор на прашањето дали Бугарија може да смета на поддршката од Европскиот совет и ЕК за вклучување на Бугарите во македонскиот Устав.

Тој синоќа пристигнал во Софија вечерва и одржал заеднички брифинг со премиерот на Бугарија, Росен Жељазков.

Претседателот на Европскиот совет потсети дека во 2022 година, Европскиот совет ги одобри условите за пристапување на РСМ во ЕУ и земјата мора да ги исполни овие обврски за да напредува во преговорите.

-Јас лично сум многу вклучен во овој процес, ги посетив и Бугарија и Македонија и верувам дека по изборите во земјата можеме да напредуваме. Македонија работи на овој процес долго време, потенцирал Кошта.

Кошта го поздрави фактот дека повеќето влади работеле на специфични прашања што можат да ја подобрат поврзаноста на двата народа и конкурентноста на двете економии.

Претседателот на ЕС рекол и дека кога доаѓа во регионот, секогаш го кажува истото, односно дека процесот на пристапување бара многу, но најважно е да се промени ставот.

-Бидејќи најважно е самиот регион да може да ги надмине конфликтите од минатото и да се фокусира на заедничка иднина. Успехот на ЕУ доаѓа од одлуката на земји како Франција и Германија да го остават минатото зад себе. Ги надминуваме нашите минати конфликти и сега е време да работиме заедно за да изградиме заедничка иднина, додал Кошта.