Алиу: Утврдена е методологијата за работа на Интерната комисија

Очекуваме интерната комисија да ги утврди фактите во однос на осумте случаи и да постапува врз основа на медицински докази, рече Алиу

од Nikola Popovski
10 прегледи Фото: МЗ

Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ја утврди методологијата за работа, која што ќе биде основата за анализата не само на веќе доставените 8 случаи, туку на сите случаи кои ќе бидат доставени или утврдени од страна на интерната комисија.

-Транспарентноста е клучна во целиот процес. Се следат меѓународните стандарди како референтни точки. Очекуваме интерната комисија да ги утврди фактите во однос на осумте случаи и да постапува врз основа на медицински докази. Нашата крајна цел е заеднички да го подобриме здравствениот систем и да поставиме цврста основа на менаџирање во здравството, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

Интерната комисија е составена од врвни експерти во областа, правници и економисти. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти, а извештајот од интерната комисија ќе биде објавен на веб страницата на Министерство за здравство.