По повод настанот 34 години самостојна и суверена држава Македонија, со своја реакција се огласи и екс-министерот за надворешни работи и претседател на граѓанската и непартиска иницијатива „Замисли“. Никола Димитров. Тој во својата денешна јавна објава „посака помалку дефетизам и колективно бербатење на државата, а повеќе разбирање дека Републиката сме сите ние“.
Истовремено, побара повеќе свест и одговорност, а помалку празно чукање во гради.
-Ајде на овој ден, сите да си дадеме по една задача, за следниот роденден да ни биде подобро барем во една област. Јас заедно со “Замисли” ќе продолжам да туркам за реформа во здравството, за фер мегдан за вработување на младите здравствени кадри, без партиски и кои било други влијанија.
Ќе фалам кога ќе има за фалење и ќе критикувам кога ќе се греши, независно дали се работи за едните, другите или третите. Ќе се радувам на успехот на моите сограѓани и ќе помагам каде можам. Нека си ни вечна татковино, среќна независност наша Македонијо, порача Димитов во објавата.