За да може да се оцени изјавата на премиерот Мицкоски, парафразирано дека “тој ќе гради, а нема да руши”; треба прво да дефинираме што подразбираме под терминот “дивоградба”, особено после донесување на Законот за бесправно изградени објекти во 2011 година и неговата улога – “со овој закон се уредуваaт условите, начинот и постапката за евидентирање, утврдување на правен статус и санкционирање на бесправно изградените објекти“, вели поранешната пратеничка и аналитичарка на состојбите во држава, Никица Корубин.
Таа во разговор за „Локално“ истакнува дека „дивоградбите“ се веќе речиси 15 години легализирани, со заедничка партиска воља, и ако сакаме разбирање, а потоа и решение на проблемот, треба работите да ги поставиме на вистинското место.
-Не е прашањето кој има интерес бесправно да гради, туку зошто институциите на државата го штити и легализира тој интерес, а не интересот на граѓаните и на целото општество и за издржана урбанизација, но и за логичен правен систем, прашува Корубин.