СДСМ утврди уште нови четири кандидати за градоначалници

СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници во 64 општини

од Nikola Popovski
56 прегледи Фото: СДСМ

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори.

Партијата одлучи Едис Хасан да биде кандидат за градоначалник на Шуто Оризари, Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден, Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани, а Исуф Синани за кандидат за градоначалник на Долнени.

Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини.

-Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини. Кандидатите на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните, ќе работат за решавање на секојдневните проблеми, за подобрување на квалитетот на живот и развојот на општините, порачуваат од партијата во опозицијата.