Italdesign е во сопственост на Volkswagen Group, а овој проект е идеја со цел развој на дизајнерски идеи. Дали би возеле ваков (електричен) Volkswagen?
Многумина би рекле да, бидејќи е навистина привлечен.
Проектот е нарачан од Volkswagen Platform Business и го истражува балансот, целокупните пропорции и дизајнерскиот потенцијал на концепт базиран на архитектурата MEB+ Front Drive, во рамките на ново семејство електрични градски автомобили.

Фото: Italdesign
Italdesign се фокусираше на прилагодливоста за производителите на оригинална опрема (OEM) надвор од Volkswagen Group, покажувајќи како платформата може да ги задоволи различните пазарни потреби.
Концептот, се разбира, не е наменет за производство. Тоа е возило со три врати, долго 4.230 mm. Којзнае, можеби некои од овие идеи ќе бидат усвоени од Volkswagen Group во производствените модели.