Денеска се поставуваат фотоволтаични панели во училиштето „Св. Кирил и Методиј“

Со поставувањето на фотоволтаични панели во училиштата се обезбедуваат подобри услови за наставниот процес, се поттикнува еколошката свест кај младите генерации и се создава пример којшто може да го следат и други институции.

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Општина Центар

Денес започна поставувањето на фотоволтаични панели во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј”. Градоначалникот Горан Герасимовски утрово го посети ова центарско училиште и им посака успешна работа на екипите задолжени за инсталацијата.

„Денеска сме во училиштето „Св. Кирил и Методиј” каде што ги поставуваме фотоволтаичните панели на нашите кровови. По завршување на поставување на фотоволтаични панели на училиштето „Киро Глигоров” сега продолжуваме и во другите училишта. Општина Центар е енергетски независна општина, општина којашто е прва и има основано претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар”. Продолжуваме да го користиме сонцето и преку обновливи извори на енергија да ги задоволуваме потребите за струја во нашите училишта и со тоа ги намалуваме сметките на самите училишта”, рече Герасимовски.