Кај Холанѓанец пронајдени скоро 1.000 електронски цигари исполнети со непозната материја, лишен е од слобода

При гранични проверки и контрола на патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се 37 ќеси со вкупно 971 електронски цигари исполнети со непозната материја.

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: МВР

На 12.09.2025 во 14:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.А.Р.(19) од Кралството Холандија.

При гранични проверки и контрола на патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се 37 ќеси со вкупно 971 електронски цигари исполнети со непозната материја.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.