📷Апасиев објави фотографија: Мицкоски вика дека со Мециновиќ сме краделе пари од партија aма ревизијава друго нешто вика

Апасиев покажа дека официјалната ревизија ги демантира тврдењата на премиерот, додавајќи дека вистината е сосема поинаква од политичките напади

од Nikola Popovski
40 прегледи

Лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи остро му возврати на премиерот Христијан Мицкоски кој го обвини него и кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, за наводно присвојување партиски пари.

Во својата објава, Апасиев саркастично истакна дека официјалната ревизија ги демантира тврдењата на премиерот, додавајќи дека вистината е сосема поинаква од политичките напади.

„Премиерот Мицика вика дека со Амар сме краделе пари од партија… aма ревизијава друго нешто вика!“, пишува Апасиев, објавувајќи фотографија од информацијата од ревизијата.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека само во периодот од 2021 година до денес, Апасиев и неговиот партиски колега и кандидат за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ се послужиле или во џеб ставиле околу милион денари.

-Само за оваа година 2025, Мециновиќ кој е пратеник во Собранието од Левица земал околу 200 илјади денари. Со вакво однесување Апасиев и Мециновиќ покажуваат само колку се дволични и колку не им е грижа за граѓаните, со други зборови глумат наивни лица загрижени за народот, рекоа меѓу другото од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски на собраниската говорница петокот прочита извадок од записник во кој, наводно, Апасиев информира партиски членови за купувањето на објектот на поранешниот хотел „Опера хаус“ во Скопје за 250.000 евра, оти се работи за четири нивоа и дека два–три месеци се преговарало со Унибанка. Потоа кажа дека свиркач до нив доставил список на стотици трансакции на пари префрлани од Левица на трансакциска сметка на Апасиев и на Мециновиќ. И споменуваше суми – 20.000, 30.000 денари…