Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашуваат од СДСМ

Од опозициската СДСМ велат дека „за овие 15 месеци имавме 5 различни и измислени сценарија, за дестабилзаиција, за странски служби, за дронови, за следење на премиерот и сега еве хибридни напади од надворешни центри на моќ“

од Nikola Popovski
41 прегледи Фото: СДСМ

„Додека премиерот Христијан Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, ја префрла вината врз граѓаните кои живеат покрај депониите. Јасно како ден е дека „хибридниот напад од странски центри“ е смешно алиби за неспособноста на Мицкоски и неговата влада. Мицкоски глуми жртва секој пат кога е фатен во неспособност да одговори на проблемите“, порачаа од СДСМ преку соопштение.

Од опозициската партија велат дека „за овие 15 месеци имавме 5 различни и измислени сценарија, за дестабилзаиција, за странски служби, за дронови, за следење на премиерот и сега еве хибридни напади од надворешни центри на моќ“.

-Неспособност не може да се покрие со изговори, таа се гледа и граѓаните многу добро ја знаат затоа што ја плаќаат со најважното нешто, нивното здравје. Од оваа власт не видовме ниту едно решение за ниту еден проблем, затоа се изговорите.

Резултатот на владата на Мицкоски е катастрофален: депониите горaт, воздухот не се дише, канцерогените материи се зголемуваат, а институциите се парализирани од лагите и изговорите на власта, потенцираат од „Бихаќка“.