Нивото на девизните резерви изнесува 4.754,4 милиони евра – соодветно за одржување на стабилноста на денарот

Состојбата на девизниот пазар е стабилна, при што од почетокот на годината Народната банка интервенира со нето-откуп на девизи, стои во денешноито соопштение. 

од Vladimir Zorba
74 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Состојбата на девизниот пазар е стабилна, при што од почетокот на годината Народната банка интервенира со нето-откуп на девизи, стои во денешноито соопштение. 

На крајот на август, нивото на девизните резерви изнесува 4.754,4 милиони евра, што е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута.

Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со август упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери коишто се малку повисоки од очекувањата за третиот квартал.

Проценетиот трговски дефицит за третиот квартал од годината, во согласност со податоците за надворешнотрговската размена во јули, е малку повисок од очекувањата, иако периодот е сѐ уште краток за попрецизна оцена.

Во вториот квартал од 2025 година, остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања е повисок од очекувањата, при истовремени нето-приливи во финансиската сметка, коишто се минимално пониски од очекувањата според априлската проекција.