Зошто Тошковски е крив – затоа што судот досудил условна осуда, вели министерот за убиството на Росица

„Не велам дали имало или немало вина и во рамки на постапувањето на полицијата. Има внатрешна контрола и ќе покаже истрагата, ама срамно е да се лаже јавноста дека Тошковски е крив“, објасни министерот за внатрешни работи

од Nikola Popovski
77 прегледи Фото: Принтскрин

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски жали што живееме во општество каде што институциите си ја префрлуваат вината од еден на друг. Ова следува по случајот на фемицид со младата Росица Коцева која беше до смрт избодена од нејзиното поранешно момче Илија Стефановски.

-Секогаш одредени институции велат дека не сме ние, надележен е некој друг, не е друг, надлежен е некој трет…Прашање се поставија многу деновиве. Јас би прашал кој во оваа држава изрекува мерка притвор и казна затвор? Кој во оваа држава согласно закон може да предложи мерка притвор и кој може да поднесе обвинение. Одговорите се судот и Обвинителството. Не велам дали имало или немало вина и во рамки на постапувањето на МВР. Има внатрешна контрола и ќе покаже истрагата, ама срамно е да се лаже јавноста дека Тошковски е крив…Зошто? Затоа што судот досудил условна осуда? Зошто е Тошковски крив, затоа што ЈО не побарало притвор…, рече министерот во вестите на Тв Сител.

Според него, срамно е на овој начин да се манипулира јавноста. Вели дека се знае кој е судија и обвинител во државата. Тошковски потенцира дека МВР поднело кривична пријава против убиецот Стефановски.