Бројот на заразени со западнонилска треска во Грција се зголемува. Две лица починаа во последната недела, а осум се хоспитализирани.
Вирусот одзеде седум животи од почетокот на годината, соопшти Министерството за здравство.
Случаи се регистрирани во 20 региони во земјата. Повеќето од нив се во села околу Атина и Централна Грција.
Топлото време создава услови комарците да го пренесуваат вирусот, велат лекарите.
Според извештајот на здравствената организација, веројатно има многу повеќе заразени лица, но тие немаат симптоми и не бараат медицинска помош.
Починатите биле над 65 години и имале хронични заболувања.
Здравствените власти препорачуваат дури и со благи симптоми, луѓето да се тестираат за да добијат брза медицинска помош.
Се препорачува да се користат репеленти, како и мрежи против комарци, а исто така да се избегнуваат места каде што има застоена вода, пренесе БНР.