Во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје, вечер беше отслужена вечерна богослужба, во пресрет на утрешниот празник Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица).
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г. г. Стефан, за време време на богослужбата, пред верниците одржа беседа за Богородица. Потоа, беше одржана лидитија околу централното градско подрачје со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица, која минатата година беше донесена од светогоорскиот манастир Хиландар.
Утре православните христијани во земјава утре го слават Рождество на Пресвета Богородица, што е првиот голем празник во новата литургиска година на Црквата.
Во сите храмови на Македонската православна црква утре изутринава ќе бидат отсужени свети божествени литургии.