Од полноќ поскапуваат дел од горивата

Од РКЕ информираат дека дел од горивата ќе поскапат, додека дел ќе останат со исти цени

од Nikola Popovski
17 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика излезе со најновата одлука за цената на горивата од полноќ. Оттаму информираат дека дел од горивата ќе поскапат, додека дел ќе останат со исти цени од 23-ти септември.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,207 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,947 ден/кг.