Град Скопје тврди дека „Пуцко петрол“ ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП

бГрад Скопје обвинува за креирање на нов хаос: „Граѓаните немаат трпение повеќе за политичките игри за предизборен дефокус на ВМРО, Управниот одбор на ЈСП кој го води ВМРО и Мицкоски заедно со Јахоски“

од Nikola Popovski
76 прегледи

Град Скопје соопшти дека под силен политички притисок, како што велат, уценетиот Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје.

-Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од Пуцко петрол, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени иако има активен договор за испорака на нафта ја прекина доставата, велат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека Јахоски истото го направил и за предновогодишните празници и ги оставил грѓаните да чекаат на ладно во зима и на жега во лето само, како што велат од Град Скопје, да се задоволат суетните лидери од кои очекуваат спас од сургун за своите недела уценетите црнолисташи.

-Зар не направивте доволно хаос во Скопје, спречивте набавка на нови автобуси, не гласавте бесплатен јавен превоз. ЈСП кој дава јавна услуга за граѓаните која претставува јавен интерес, нема да дозволи идиотските криминогени постапки на уценети бизнисмени да ги трпат граѓаните. Затоа за Асмир Јахоски и Пуцко петрол ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат. Граѓаните немаат трпение повеќе за политичките игри за предизборен дефокус на ВМРО, Управниот одбор на ЈСП кој го води ВМРО и Мицкоски заедно со Јахоски, кои сакаат да дефокусираат од штетата која му ја предизвикаа на ЈСП и Скопје во изминатите 4 години, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Слични содржини