Владата на Црна Гора е подготвена да направи сè за конечно соодветно да го регулира статусот на црногорската кралска династија Петровиќ Његош, објави премиерот Милојко Спајиќ на средбата со принцот Никола.
Спајиќ и принцот Никола се сретнаа вчера, а во соопштението од кабинетот на премиерот се наведува дека, имајќи предвид дека во изминатите 13 години не се исполнети сите законски обврски кон династијата, премиерот нагласи дека соработката меѓу Владата и Парламентот треба да создаде услови до крајот на годината успешно да се заврши процесот што започна во 2004 година.
„Династијата Петровиќ Његош ќе биде целосно рехабилитирана до крајот на годината. Верувам дека е во интерес на целото општество да ја негуваме и поттикнуваме нашата голема традиција, која ја уживаат многу малку европски земји. Државноста на Црна Гора е неразделно поврзана со нашата круна од 1910 година, како и со признавањето од големите сили од 19 век“, нагласи премиерот Спајиќ.