„Промените во законите за специјални служби, со кои мнозинството во парламентот се обидува да ги одземе овластувањата на шефот на државата, се кампања против претседателската институција“, е мислењето на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
„Сè уште чекам цврсти и сериозни аргументи зошто се прави ова. Покрај тоа, во не толку далечното минато беше направен таков обид, а потоа, како што знаете, работите се вратија на почеток. Јас целата оваа кампања, јас ја нарекувам кампања, таа е против претседателската институција, против претседателот Радев“, рече Јотова.
Според потпретседателката, владејачката партија има стравувања од растечкото влијание на претседателот и неговиот растечки рејтинг.
Јотова додаде дека мнозинството е нестабилно. „Откако Пеевски почна да зборува за државата со „големо Д“, противречностите и конфликтите во владата се зголемија“, додаде потпретседателката.