Адвокатот Калач за убиството на Росица: Некогаш дури и државата да пружи максимум, може да се случи нешто вакво како последица

Семејството на Росица има можност да поднесе тужба против државата и да бара надомест на штета, вели Калач

од Nikola Popovski
38 прегледи Фото: Јасмин Калач

Според адвокатот Јасмин Калач, случајот со двојното убиство во Велес е трагедија која природно отвора и правни прашања. Во разговор за „Локално“, тој вели дека во домашното право, а и според Европската конвенција за човекови права, семејството има можност да поднесе тужба против државата и да бара надомест на штета доколку се докаже дека институциите пропуштиле да го заштитат правото на живот и слично. Европскиот суд има пресуди во кои државите се прогласени за одговорни во вакви ситуации.

Мора да спомнеме дека, додава адвокатот, некогаш дури и државата да пружи максимум, може да се случи нешто вакво како последица.

Случајот „Росица“ отвора правни прашања: „Семејството може да поднесе тужба против државата и да бара оштета доколку се докаже дека институциите пропуштиле да го заштитат правото на живот“