„Алкалоид“ АД Скопје и Институтот за јавно здравје денеска потпишаа Меморандум и Договор за соработка, со што се поставуваат темели за долгорочно партнерство во интерес на јавното здравје и благосостојбата на граѓаните.
Во соопштението се вели дека преку оваа соработка двете институции ќе обединат експертиза и ресурси со цел унапредување на здравствените практики, развој на заеднички научноистражувачки проекти, како и спроведување активности за превенција, едукација и за примена на современи фармацевтски и аналитички стандарди.
Овој значаен чин претставува потврда на заедничката определба за градење мостови помеѓу индустријата и здравствените институции, во насока на поддршка на современите политики, иновации и решенија, кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот на живот и јавното здравје во нашата земја.