Лидерот на Британската реформска партија, Најџел Фараж, би можел да стане следниот премиер на Обединетото Кралство, според најновата анкета на YouGov.
Проекцијата на YouGov, врз основа на примерок од 13.000 гласачи собрани во текот на изминатите три недели, предвидува дека Британската реформска партија би освоила 311 од 650 места во Долниот дом, 15 места помалку од формалното мнозинство, објави денес Sky News.
Резултатите од анкетата укажуваат на големи загуби за Лабуристите и Конзервативците.