Некои клучни елементи се контрадикторни – вели во разговор за „Локално“, поранешната директорка на Институтот за европска политика (ЕПИ) и експертка на полето на евроинтеграциите, Малинка Ристевска-Јорданова за Предлог-резолуцијата на СДСМ со црвени линии за одблокирање на европскиот пат на земјава.
Во разговор за „Локално“, според неа, Резолуцијата се сведува на тоа да се легитимира она што го направи претходната влада, прифаќајќи го францускиот предлог и да се „протуркаат“ што поитно уставните измени, кои само ќе создадат нови услови и основи за блокади. Потенцира дека не се предлагаат нови механизми за да се подобри македонската позиција.
-Со писмо оваа сложена ситуација не се решава. Залагањето за реформи и отчетност пред Собранието секако се позитивни, но и тука работите се измешани – на пример Реформската агенда е еден посебен инструмент, кој треба да биде комплементарен, но во никој случај не треба да се идентификува со преговарачкиот процес за пристапување во ЕУ.