Пензионери се тепале со тврди предмети во Скопје

Немил настан пријавен во полиција околу 7:30 часот

од Nikola Popovski
35 прегледи Фото: Принтскрин

МВР информира за немил настан пријавен во полициска станица при што пензионери се тепале со тврди предмети во скопски Илинден.

– На 25.09.2025 околу 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ѓ.(76) и И.А.(73), двајцата од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети, информираа од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.