„Заробена од српскиот свет“ Алта банка го има печатот на ВРЕДИ, реагира Адеми

ВРЕДИ е заробена од српскиот свет, така што нивните обвинувања воопшто не се издржани, се вели во соопштението од ДУИ од прес-конференцијата на потпретседателот на партијата Арбер Адеми.

од Vladimir Zorba
24 прегледи Фото: Фејсбук

ВРЕДИ е заробена од српскиот свет, така што нивните обвинувања воопшто не се издржани, се вели во соопштението од ДУИ од прес-конференцијата на потпретседателот на партијата Арбер Адеми.

„Значи за обвинувањата на Вреди за српскиот свет, се работи за фабрикувани и лажни информации кои сакаат да ја замајуваат јавноста и тоа се дел од тие сценарија кои, нели, се по наредба на нивниот падрон за да се напаѓа ДУИ, Али Ахмети и нашата праведна кауза. На повеќе од 20 години од нашата егзистенција како Демократска Унија за Интеграција, никогаш не сме биле и не сме дел од овие финансиски мрежи, странски или домашни, ниту пак дел од тие режими кои биле секогаш ангажирани против Албанците, и Албанците тоа го почувствувале на нивната кожа. ДУИ секогаш се залагаше за правда, праведност, евроатлантски интеграции и, секако, стопирање на секое влијание – српско влијание, руско или некое друго непријателско влијание – кое било така непријателски настроено кон државата и кон Албанците.

Вреди, наместо да зборува за нивните катастрофални резултати, нивната вмешаност со српскиот свет, тие продолжуваат со некои имагинарни обвинувања кон ДУИ за да се прекрие реалноста. Но, ете некои факти кои го носат печатот на Вреди: нелегалниот, илегалниот крст кај Попова Шапка; именувањето на Стојлковиќ како вицепремиер за имплементирање на Охридскиот мировен договор; честите посети на Милорад Додик со државна церемонија тука кај нас; честите посети на верници и претставници на Српската црква на државни настани тука кај нас; потпишувањето на серија договори од претставниците на Вреди во секторот на енергетика; пенетрирањето и на српски фирми во секторот на телекомуникација.

И ова последново, Алта банка, српската банка го има печатот на Вреди. Конкретно, госпоѓата Бујаре Абази, како претседателка на Комисијата за хартии од вредност, на 65-тата нивна седница или состанок на таа комисија, даде зелено светло, даде амин оваа српска банка да оперира во Република Северна Македонија. Фактите се јасни. Имате и нивно соопштение, имате официјални документи од нивна страна, каде што тие, значи Вреди, ѝ овозможува на оваа банка да оперира во нашата држава.

Значи, Вреди е заробена од српскиот свет, така што тие обвинувања воопшто не се издржани. Сакаат да ја замајуваат јавноста. Но, кога сме кај криминалот, кај корупцијата, нашиот став како ДУИ е јасен: ајде да одиме на ветинг. Ова сме го побарале и додека сме биле на власт, и на опозиција сме конзистентни на ова барање. Ајде секој еден политичар да се верифицира, да се истражи, да се истражи и потеклото на имотот и на богатството на секој еден функционер, да се истражи секоја политичка партија, без исклучок, на овие последниве 33 години; да се истражи процесот на приватизација, кој бил криминален процес; да се истражат и органите за безбедност од ’45-та па до денешен ден, од Озна, Удба па до денешново АНБ. Сите тие што се инволвирани во криминал, во корупција, нека одговараат пред органите на правдата.

Но, граѓаните на 19-ти ноември ќе го дадат своето мислење, ќе го дадат својот глас и тие ќе се определат за враќање на достоинството, а не вака потчинети под диктатите на падронот.