Поради Украина и Молдавија: Кошта бара поддршка од европските престолнини за да го поедностави процесот за нови членки

Кошта бара поддршка од европските престолнини за да го поедностави процесот за нови членки и да го прекине застојот околу потенцијалното членство на Украина и Молдавија, објави Политико-еу.

од Vladimir Zorba
53 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ЕУ во Индонезија

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта ја предводи иницијативата за унапредување на барањата на Украина за членство во ЕУ и покрај противењето на Унгарија, додека лидерите се подготвуваат за клучен самит во Копенхаген оваа недела.

Според петмина неименувани дипломати и функционери, Кошта бара поддршка од европските престолнини за да го поедностави процесот за нови членки и да го прекине застојот околу потенцијалното членство на Украина и Молдавија, објави Политико-еу.

Дипломатската офанзива е обид да се избегне унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој го користи ветото на својата земја за да го блокира патот на Украина кон блокот.