Со дрон од 500 долари, Украинците соборија руски Ми-8 хеликоптер вреден 10 милиони долари

Украинските сили соборија руски хеликоптер Ми-8 користејќи дрон FPV, објави на Телеграм Роберт Бровди, познат по прекарот „Унгарец“, командант на силите за беспилотни системи на вооружените сили на Украина.

од Vladimir Zorba
47 прегледи Фото: Киев Индепендент

Украинските сили соборија руски хеликоптер Ми-8 користејќи дрон FPV, објави на Телеграм Роберт Бровди, познат по прекарот „Унгарец“, командант на силите за беспилотни системи на вооружените сили на Украина.

Според него, нападот го извршиле припадници на 1-виот баталјон на беспилотни системи на 59-та воздушно-десантна бригада.

Иако Бровди првично тврдеше дека е соборен напаѓачкиот хеликоптер Ми-28 „Хавок“, украинскиот активист Серхиј Стерненко нагласи дека станува збор за транспортен хеликоптер Ми-8 „Хип“, модифициран за лансирање ракети.

Објавените снимки покажуваат како, по ударот на дронот, хеликоптерот се запалил и леталото неконтролирано се урнало во поле. Падот бил забележан и од руски напаѓачки хеликоптер Ка-52 „Хокум А“, кој кружел над остатоците.

Според проценките, типичен украински беспилотен авион „FPV“, кој се користи како евтина тактичка муниција или за напаѓање нисколетачки цели, чини помеѓу 400 и 500 долари. Вредноста на хеликоптерот Ми-8 се движи помеѓу 10 и 15 милиони долари, објави „Киев пост“.