Меџити: Синот на Ахмети и неговото семејство е поврзано и лобира за „српскиот свет“

„Ова не му е првпат на Ахмети - и во минатото ги пцуеше Албанците“ - рече Меџити по обвинувањата за „загари“

од Nikola Popovski
47 прегледи Фото: Официјален ФБ профил на Изет Меџити

Пред Централниот штаб на ВЛЕН кој се наоѓа на плоштадот Скендербег во Скопјe, кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити изјави дека е уште полошо ако реториката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за „загари“ била насочена кон лидерите на ВЛЕН.

-Тоа значи дека 107 гласачи Албанци, кои не гласале за Ахмети, пак се обвинуваат со грди зборови и се опишуваат. Тие ќе знаат да одговорат на 19-ти октомври. Ова кажува за нервозата меѓу редовите на Ахмети и неговите членови. Ги плаши одговорот од народот. Ова не му е првпат на Ахмети – и во минатото ги пцуеше Албанците. Ги обвинуваше и тетовчаните и не му е првпат ваков испад. Многу кажува за нервозата, рече Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

Кандидатот на ВЛЕН за градоначалник го критикува Ахмети дека вчера на партиската конвенција во Скопје не говорел за тезата за „српскиот свет“.

-На крај испадна дека поврзаноста и лобирањето со „српскиот свет“ е токму кај неговиот син и неговото семејство. Не се работи за случајност туку стратегија, истакна меѓу другото Меџити пред присутните на првиот ден од кампањата за локалните избори.