Не се изненадив од изјавата на Христијан Мицкоски и неговата „мисија“ да ја отстрани ДУИ од политичката сцена. Мицкоски по природа е албанофоб и ги мрази Албанците, изјави денеска кандидатот за градоначалник на ДУИ, Бујар Османи за пораките на премиерот.
Османи вели дека Мицкоски „во неговиот тим нема ниту еден Албанец и кога патува во странство, со себе не носи Албанци“.
-Тој го укинува балансерот затоа што сака да ги тргне (Албанците) од институциите. Го укинува албанскиот јазик затоа што му пречи и не сака да го види во документите. Тоа е посилно од него и го видовме од првиот ден. Не вознемирува затоа што таа негова омраза кон Албанците се проектира и меѓу граѓаните. Нема д адозволам таа омраза да влезе во Чаир бидејќи соживотот тука ни е свет. Тој ако го укинува балансерот, јас ветив дека ќе направам Фонд за правична застапеност за заедниците во Чаир. Ако го укинува албанскиот јазик, ние тука ќе правиме одделенија за јазици. Затоа Чаир ќе остане оаза на соживотот во ова невреме, истакна кандидатот на ДУИ за градоначалник.
Повторувајќи ги тврдењата дека постои непринципиелна коалиција меѓу ДУИ и Левица за локалните избори, Мицкоски од првиот митинг со кој ВМРО-ДПМНЕ ја стартуваше изборната кампања синоќа во Скопје, се осврна на пораките на лидерот на ДУИ, а му ја пренесе и својата – дека по овие избори Али Ахмети ќе го оди во политичка пензија.