Не можам да коментирам во името на ОБСЕ/ОДИХР, но тие се алармирани за ова што се случува. На никого со здрав разум ова не му е нормално, неважно дали е Левица во прашање, изјави денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Левица, Амар Мециновиќ.
Според Мециновиќ, во историјата на независна Македонија никогаш не се случило на една партија да и се забрани пристап до рекламен простор, кој е всушност еден инструмент да имаме фер избори.
-Верувам дека ова во нивните извештаи ќе биде нотирано. Но, возот помина. Локалните избори се случуваат за 20 дена. Ова треба да биде силен аларм за сите нас, сите кои се слободоумни во ова општество, дека не смее да се дозволи овој авторитаризам, рече Мециновиќ.
Б.Т.