Регионален саем за вработување 2025 – најголемата онлајн платформа за регрутација во регионот

Саемот ги обединува Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина и овозможува компаниите на едно место да ги претстават своите работни позиции, бенефиции и организациска култура, а кандидатите да стапат во директна комуникација со потенцијалните работодавачи

од Nikola Popovski
10 прегледи

Од 14 до 21 октомври годинава ќе се одржи Регионалниот саем за вработување 2025, најголемиот онлајн настан за поврзување на работодавачи и кандидати во регионот.

Саемот ги обединува Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина и овозможува компаниите на едно место да ги претстават своите работни позиции, бенефиции и организациска култура, а кандидатите да стапат во директна комуникација со потенцијалните работодавачи.

Веќе се пријавени голем број реномирани компании меѓу кои Alkaloid, NLB Banka, Lidl, Neptun, MaxBet, Fashion Group, FlexCredit, ProCredit Bank, Inditex, Amphenol, Transcom, dm, Gerresheimer, Sarantis, Valamar, Gemak, Lactalis, Реплек, Стопанска банка АД – Скопје.

Минатата година, Регионалниот саем за вработување привлече над 3.900.000 прегледи, 650.000 посети, 971 објавен оглас и повеќе од 65.000 апликации. На него учествуваа над 120 компании, што го прави еден од највлијателните формати за регрутација и Employer Branding во регионот.

„Регионалниот саем за вработување е повеќе од онлајн настан – тоа е платформа која создава реални можности и за компаниите и за кандидатите. Оваа година очекуваме уште поголема посета и уште повеќе работодавачи кои ќе ја препознаат важноста на саемот како стратегиски канал за градење на нивната репутација и за пронаоѓање врвни таленти,“ изјави Дарко Велков, генерален менаџер на Vrabotuvanje.com.mk.

Во текот на осум дена, компаниите-учесници ќе имаат сопствен виртуелен штанд, достапен 24/7, каде што ќе можат да објавуваат огласи, да прикачуваат видеа и фото-галерии, да презентираат бенефиции и да комуницираат со кандидатите преку чет или видеоинтервјуа.

Пријавувањето за учество е во тек преку официјалната страница на саемот ОВДЕ