„Борба во кафез“ Орбан вели дека претстои опасен самит на ЕУ

Орбан на Фејсбук изјави дека европските лидери, вклучувајќи го претседателот на Европската комисија и премиерите на Полска и Шведска, вршат притисок врз Унгарија да ја поддржи членството на Украина во ЕУ, објави МТИ.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека мора да биде „бистар“ пред самитот на лидерите на ЕУ во Копенхаген, за кој рече дека ќе биде како „борба во кафез“.

Орбан на Фејсбук изјави дека европските лидери, вклучувајќи го претседателот на Европската комисија и премиерите на Полска и Шведска, вршат притисок врз Унгарија да ја поддржи членството на Украина во ЕУ, објави МТИ.

Тој рече дека ваквите барања се „злокобни знаци“ што покажуваат дека Европа презема големи чекори кон војна.