Мицкоски, не се заканувај, никој не ти се плаши, порача Филипче.

Филипче реагираше на најновите изјави на премиерот Христијан Мицкоски, кој на трибина најави дека по изборите ќе менува судии и обвинители.

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче реагираше на најновите изјави на премиерот Христијан Мицкоски, кој на трибина најави дека по изборите ќе менува судии и обвинители.

„Го слушам вечерва Мицкоски на една трибина се заканува дека после изборите ќе менувал судии и обивнители. И добро е што конечно вистината тоа што ние година и пол го зборуваме – дека не сака да прави реформи, не сака да писне за реформите. Сака негово партиско судство коешто ќе го контролира, коешто ќе прави монтирани случаи, преку кое ќе апси луѓе коишто тој сака да ги апси,“ истакна Филипче.

Тој порача дека граѓаните одамна ја видоа намерата на ВМРО-ДПМНЕ:

„Од тоа што сакаат граѓаните нема реформи, нема независно судство. Сакам да му порачам – Мицкоски, не се заканувај, никој не ти се плаши.“ – рече Филипче.