На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео од напад врз ученик пред средно училиште во Загреб. На видеото се гледа како момче облечено во црно, по расправија, вади гумена палка од јакната и го удира својот врсник по главата. Потоа следува понижување.
„Клекни, а сега веднаш извини се“, му рекол тој по неколку силни удари со палката. Ученикот го сторил тоа, а напаѓачот продолжил да му вика и да го удира, како што може да се види на видеото објавено од порталот Zagreb.info.
Сето тоа се случило за време на одморот кога имало многу ученици пред училиштето. По нападот, и жртвата и напаѓачот си заминале со пријател, а заканите продолжиле.