Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Карбинци кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на сработеното од градоначалникот Виктор Паунов, а посочи и што се може да се направи таму.
Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски даде и свој предлог.
-Да се определи населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат и да бидат ослободени од комуналии. И на тој начин кога ќе формираат заедница, ќе имаат куќа, полесно е да се имаат повеќе деца и мислам дека ова треба да биде приоритет. Ние како Влада ќе помогнеме се што можеме согласно ингеренциите, вели Мицкоски.