Божиноска: Ќе донесам промена во Тетово која граѓаните ја заслужуваат

„Како кандидат за градоначалничка на Тетово од Левица, мојата цел е да донесам промена која граѓаните ја заслужуваат. Тетово има сила и потенцијал кој треба да се искористи“, изјави Божиноска

од Nikola Popovski
29 прегледи

„Како кандидат за градоначалничка на Тетово од Левица, мојата цел е да донесам промена која граѓаните ја заслужуваат. Тетово има сила и потенцијал кој треба да се искористи“, изјави Катка Божиноска, кандидатка за градоначалник на Тетово.

Таа нагласи дека фокусот на нејзината програма ќе биде подобрување на инфраструктурата, чисти улици, обновен водовод и ефикасна јавна администрација во служба на граѓаните. Освен тоа, ќе работи на економски развој за младите, поддршка на малите бизниси, како и помош за ранливите категории и социјално загрозените семејства.

„Ќе работам транспарентно и одговорно, со граѓаните како вистински партнери во одлуките што ги носиме. Со посветеност, ќе го направиме Тетово подобро место за живеење за сите негови жители“, додаде Божиноска.