Мемов до Герасимовски: Дали кандидат за советник во Центар добил бесправно одобрение за градба?

„Луѓето на СДСМ имаат привилегии - тие се изземени од законот и можат да градат како сакаат затоа што имаат зелено светло од Герасимовски“, обвинува Мемов од ЗНАМ

од Nikola Popovski
39 прегледи Фото: ЗНАМ

Во неговиот мандат дивоградбите не беа искоренети,тие се умножија. И најстрашно од сè, врзани се со луѓе блиски до неговата партија, СДСМ. Наместо да биде пример, општината стана најголем прекршител на законот. Го прашуваме градоначалникот на Центар од СДСМ, Герасимовски – дали Газменд Максимовски, вработен во Општина Центар со договор за дело и воедно кандидат за советник од СДСМ, добил бесправно одобрение за градба на ул. Самоилова, праша денеска портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов преку соопштение.

Дали тоа е истиот Герасимовски, додава Мемов, кој пред јавноста бараше измени на Законот за градење и заплена на дивоградбите, а зад кулиси му овозможувал на свој човек бесправно да гради?

„Дали тоа не е најјасен доказ дека сите негови настапи беа само евтин пи-ар, театар за јавноста и голема измама за граѓаните на Општина Центар?
Додека секој граѓанин мора да ги почитува процедурите, да поднесува документи, да чека дозволи и да плаќа општински давачки, луѓето на СДСМ имаат привилегии. Тие се изземени од законот, тие можат да градат како сакаат, затоа што имаат зелено светло од Герасимовски. Ова не е само лицемерие. Ова е скандал, ова е злоупотреба, ова е понижување на сите чесни граѓани во Центар“, истакнува портпаролот на ЗНАМ, додавајќи дека
„градоначалникот Герасимовски не само што не се избори против дивоградбите туку стана нивен заштитник“.