Додик: Српска подготвува извештај што Русија ќе го презентира во СБ на ОН

Додик во петокот изјави дека го замолил Путин да не ја остава Република Српска на бирократите од Брисел во време кога се поставуваат темелите на идниот мир.

од Vladimir Zorba
11 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/К3

Русија, како гарант на Дејтонскиот договор, има право да иницира дискусија во Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Босна и Херцеговина, а Република Српска подготвува извештај што Русија ќе го презентира на седницата, изјави претседателот на Република Српска Милорад Додик.

Тој напиша на Инстаграм дека оваа недела бил во Сочи, каде што се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин и присуствувал на пленарната седница на Меѓународниот дискусионен клуб Валдај.

Додик во петокот изјави дека го замолил Путин да не ја остава Република Српска на бирократите од Брисел во време кога се поставуваат темелите на идниот мир.