Еден од лидерите на ВЛЕН и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами се пофали на социјалните мрежи дека неговиот син добил повик да настапи за албанската У-19 фудбалска репрезентација. Иако Касами е актуелен функционер во земјава, не ја криеше својата среќа дека неговиот син ќе настапи за репрезентацијата на нашиот западен сосед.
„На средина на кампањата, најубавата вест која неизмерно ме воодушеви дојде од Тирана. Мојот син, Лавдрим, доби повик од албанската фудбалска репрезентација У19 за двата пријателски натпревари против Ирска. Ви благодарам ФФА. Честитки Лавдрим!“, напиша Касами.
Синот на Касами настапува за тетовска Шкендија каде што игра за повозрасните категории.