Ванковска за Сиљановска: Не можам да се начудам што интелигентна жена зборува како политички инструиран папагал

„Каков актер е таа кога е вазал на една налудничава администрација на Доналд Трамп, која не само што е соучесник во геноцид и колонизација туку и ја уништува сопствената нација“, вели Ванковска за говорот на Сиљановска на „Процесот Брдо-Бриони“

од Nikola Popovski
81 прегледи

Професорката Билјана Ванковска излезе со свој коментар по поводот учеството и говорот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч, Република Албанија. Ванковска вели дека е „зачудена“ од пораките што ги испратила шефицата на државата.

-Ја слушав претседателката на Брдо-Бриони процесот и не можам да се начудам што интелигентна жена зборува како политички инструиран папагал! ЕУ ќе станела глобален актер?!? Па ЕУ се самоуништува со милитаризација и деиндустријализација. Каков актер е таа кога е вазал на една налудничава администрација на Доналд Трамп, која не само што е соучесник во геноцид и колонизација туку и ја уништува сопствената нација. Погледнете го фашизмот на улиците на Чикаго или Портланд! Видете ги протестите и полициската бруталност во европските градови! Видете го Макрон кој во глуво доба шета покрај Сена во безизлез и немоќ да формира влада која ќе трае повеќе од 24 часа! За што зборува оваа жена, прашува Ванковска во својата јавна објава.

Укажувајќи на неодржливоста на предолгото чекање на Западен Балкан пред портите на Брисел, заради насушната потреба од проширување на ЕУ со сите европски држави во функција на зајакнување на нејзината улога, како и заради зголемување на отпорноста на трети влијанија, Сиљановска-Давкова истакна дека е цинизам и хипокризија да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија.

Претседателката потенцираше дека годинава, за разлика од лани, Декларацијата е усвоена со консензус на лидерите на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“.

Шефицата на државата во оваа смисла укажала на неодржливоста од предолгото чекање на земјите од Западен Балкан за старт на евроинтеграцискиот процес, како и насушната потреба за проширување на ЕУ со сите европски држави со цел јакнење на улогата на Унијата и зголемување на отпорноста кон трети влијанија.