Глобалната економија покажува изненадувачка отпорност и покрај големите шокови како што се царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, но вистинскиот тест допрва доаѓа, предупреди денес директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.
„Врзете ги безбедносните појаси. Неизвесноста е „новата нормалност“ и нема да исчезне“, рече Георгиева во говорот на Форумот на Институтот Милкен во Вашингтон, неколку дена пред годишните состаноци на ММФ и Светската банка.
Нејзините коментари дојдоа на истиот ден кога цените на златото достигнаа рекордни 4.000 долари за унца, додека инвеститорите бараа безбедно засолниште од слабеењето на доларот и растечките геополитички тензии.