Новиот алгоритам на Фејсбук треба да ви прикажува понови видеа од „Рилс“

Промената е направена на барање на корисниците, откако внатрешното тестирање на Фејсбук покажа дека тоа ќе им помогне на корисниците почесто да се враќаат на апликацијата

од Vladimir Zorba
18 прегледи Фото: Социјални мрежи/Фејсбук

Фејсбук воведува нов алгоритам кој треба да ги ви нуди видеа што ве интересираат, наместо да ви нуди случајни видеа.

Новото издание ќе им даде приоритет на поновите содржини, прикажувајќи ви 50 проценти повеќе видеа што се објавени истиот ден додека „скролате“.

Воведен е на барање на корисниците, откако интерното тестирање на Фејсбук покажа дека ќе им помогне на корисниците почесто да се враќаат на апликацијата.

Видеото е еден од најчестите начини на кои луѓето го користат Фејсбук. Според податоците што ги презентираа, времето поминато во гледање видеа е зголемено за 20 проценти во споредба со претходната година.

Фејсбук Рилс ќе добива и предлози за пребарување со вештачка интелигенција, слични на предлозите за пребарување што се појавуваат на дното од видеата на TikTok.

Ова ќе бидат препораки за пребарувања врз основа на вашите интереси.

Тие исто така ќе добијат „меурчиња“ за пријатели слични на Инстаграм (мали профилни слики од вашиот пријател кои лебдат во долниот лев агол на објавите што ги лајкнале). Можете да ја допрете нивната профилна слика и веднаш да започнете директна порака.

Оваа функција може да биде особено корисна за корисниците на „Фејсбук рилс“, бидејќи во моментов нема наменски „Рилс фид“ за видеата на вашите пријатели, за разлика од Инстаграм.

Содржината генерирана од вештачка интелигенција, како што се видеата креирани од алатките „Сора“ или „Мидџурни“ на ОпенАИ, ќе се третира исто како содржината генерирана од луѓе во Рилс.

Ако не сакате да гледате содржина генерирана од вештачка интелигенција (или која било друга содржина), важно е да испраќате негативни сигнали бидејќи, вели Фејсбук, алгоритмот ќе го „сфати тоа многу посериозно“.