Герасимовски вели дека намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања во Центар

„Ова е врв на црната кампања. Намерно се остава отпадот надвор, покрај празните контејнери, за да се создаде впечаток дека општината не чисти. Но, нашите хигиеничари се на терен, и денес, и во недела, сите изминати четири години за да не дозволиме оваа црна кампања да им пројде", истакнува Герасимовски.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Официјален профил на Горан Герасимовски

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку лајв видео информира дека на само една недела пред изборите одредени партиски структури спроведуваат црна кампања со намерно оставање на смет покрај празни контејнери, со цел да се прикаже лажна слика дека општината не работи и дека општинските служби не ја одржуваат хигиената.

„Ова е врв на црната кампања. Намерно се остава отпадот надвор, покрај празните контејнери, за да се создаде впечаток дека општината не чисти. Но, нашите хигиеничари се на терен, и денес, и во недела, сите изминати четири години за да не дозволиме оваа црна кампања да им пројде”, истакнува Герасимовски.

Тој додаде дека општинските служби сите овие изминати години покажале континуирана посветеност кон хигиената и уредноста на Центар, и дека ваквите обиди за дискредитација нема да ја нарушат довербата на граѓаните.