Генералниот секретар на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, денес беше во посета на Кочани, каде даде силна поддршка на советничката листа на ЗНАМ под реден број 2, како и на натпартискиот кандидат за градоначалник, д-р Влатко Грозданов.
Минчев во изјава за Радио Кочани истакна дека Движење ЗНАМ е партија од граѓаните и за граѓаните, која своите политики и програми ги темели врз основа на реалните потреби и идеи на луѓето.
Програмата за Кочани, како што нагласи, е резултат на директни разговори со граѓаните и нивните предлози за подобар, поуреден и поперспективен град.
Тој повика кочанчани да ја дадат својата поддршка за носителот на советничката листа, Суад Мехмед, како и за целата советничка листа на Движењето ЗНАМ, под реден број 2, која, како што рече, ќе биде гласот на чесните, вредните и посветените луѓе во Советот на Општина Кочани.
Минчев ја истакна силната поддршка за натпартискиот кандидат за градоначалник, д-р Влатко Грозданов, кого го опиша како чесен човек, професионалец со визија и енергија за вистински промени.
„На 19 октомври, Кочани ќе избере нов почеток – со луѓе кои знаат, можат и сакаат повеќе. Со д-р Грозданов, Кочани ќе стане пример за чесно и одговорно управување.“ – порача Минчев во изјавата за медиуми.